Македонија

Костовски: Состојбата по невремето кое ја зафати општина Бутел е стабилна

Костовски: Состојбата по невремето кое ја зафати општина Бутел е стабилна

Општинскиот кризен штаб и во ноќните часови работеше на терен на расчистување на последиците од невремето и обилните врнежи кои ја зафатија општина Бутел. Ова го објави градоначалникот на Бутел по синоќешното невреме.

dobivaj vesti na viber

„Општинските работници ги оспособија сите критични места и расчистени се паднатите дрва и наносите. Сите патишта кои се под надлежност на Општина Бутел се проодни. Апелрирам за поголема ажурност на Град Скопје, да излезат на теран и да ги расчистат главните булевари и улици“, пишува Костовски во својата објава на Фејсбук.

Како што вели тој, отворениот телефонски број 075 274 421 ќе биде и понатаму достапен за потребите на граѓаните на Општина Бутел каде ќе можат да ги пријават последици од невремето.

Макфакс

На почеток