Македонија

На 47 локации се интервенирало само во Гази Баба, краткото невреме искршило дрвја и бутнало бандери

На 47 локации се интервенирало само во Гази Баба, краткото невреме искршило дрвја и бутнало бандери

Во текот на вчерашното попладне, па се до 03:00 часот по полноќ кризниот штаб на општина Гази Баба заедно со екипите на ЈКП Гази Баба делуваше на терен на 47 локации низ општина Гази Баба.

dobivaj vesti na viber

„По само неколку часа активна работа на екипите на ЈКП Гази Баба состојбата на терен беше стабилна. Сите улици на целата територија на општината беа проодни. Подигнати се голем број на паднати дрва, гранки, бандери и слично, а активностите на екипите продолжуваат и од рано утрово насекаде низ општина Гази Баба. Им благодарам на вработените во ЈКП Гази Баба, како и на членовите на кризниот штаб во рамки на општината за посветеноста во расчистувањето на последиците од невремето во текот на вчерашната ноќ. Општината е тука за да им служи на граѓаните!“, вели Бобан Стефковски, градоначалник на Гази Баба.

Вчера, во делови од Скопје имаше кратко невреме кое направи низа штети.

Макфакс

На почеток