Централниот Одбор донесе одлука да ја започне процедурата за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија која ке заврши и ќе се комплетира со Конгресот којшто ќе се одржи на 03.03.2019, изјави Александар Кирацовски од СДСМ.
„На Македонија и треба вистински претседател кој ќе работи за доброто и за интересите на граѓаните и државата.
Централниот Одбор донесе одлука за започнување на постапка за избор на кандидати за градоначалници, за Општините Дебар, Охрид и Ново Село.
Централниот Одбор на СДСМ го овласти највисокото раководство на партијата да ја донесе и одлуката дали заедно со претседателските избори ќе се организираат и предвремени парламентарни избори.
Во сите одлуки, коишто денес се донесоа, СДСМ ќе продолжи да биде воден од клучната цел: безбедна Македонија, членка на НАТО и ЕУ, со забрзани реформи, растечка економија и подобар стандард на сите.
СДСМ оди на победа на било какви избори.
Конечна одлука донесовме и за секретар за меѓународна соработка, Централниот Одбор го избра Дане Талески“, вели Кирацовски.