Коментари

Грчева објави список зошто не смее да има уставни измени

Солза Грчева, на својот Фејсбук профил објави причини поради кои, според неа, не смее да има уставни измени.

„ Уставни измени не смее да има поради:

1. Се губи државотворната улога на македонскиот народ;

2. Уставот не е врата низ која секој може да се протне, на штета на македонскиот народ;

3. Уставните измени се пат кон целосна наша бугаризација;

4. Се почеток на натамошни уцени, во кои ЕУ не мисли да се меша;

5. Никакви гаранции не можат да се дадат;

6. Прочитајте го само протоколот кој е вграден во преговарачката рамка. Тоа се случува само во окупирана земја;

7. Се фалсификува историјата на наша штета;

8. Штом доаѓаат од оние кои го потпишаа преспанскиот договор, и без сите горни аргументи, уставните измени се сигурно на штета на македонскиот народ“, напиша таа.

На почеток