Коментари

Манифестот на СДС е фаќање за сламка на давеник пред избори, вели Грчева

Екс пратеничката Солза Грчева, на фејсбук го напиша својот став за Манифестот кој го објавија СДСМ, ДУИ и останатите партии од владината коалиција.

„Манифестот на СДС е фаќање за сламка на давеник пред избори. Оние кои го исфрлија од преамбулата на Уставот манифестот на АСНОМ, сега се вадат со трошка “патриотизам“ кој реално “не им личи“.
Најмногу ми се бендисува во Манифестот формулацијата: “ Најшироката јавност да биде во можност да го изрази своето мислење по однос на условите за членство во Европската унија“. Молам?
Го послушаа ли истиот тој народ кој најјасно си кажа “не“ на референдумот за името?
Е толку и сега ќе го послушаат.
Туку до каде сме со корупцијата и дали се проширува Идризово?“, вели Грчева.

На почеток