Колку треба да си глуп, од нула до Стефан Богоев, да “заплениш” хартиени обврзници и да свикаш прес за да се избламираш, вели Апасиев
Царинската управа заплени обврзници со вредност 92 милиони долари. Директорот на Царинската управа, Стефан Богоев објави дека заплената се случила на 28 јули, а станува збор за 184 обврзници со поединечна номинална вредност од 500.000 долари.
Обврзниците биле пронајдени кај патник – турски државјанин кој пристигнал со редовен лет од Истанбул и не пријавил стока. При контролата, обврзниците биле забележани во четири папки, сместени во рачна црна торба.
Пратеникот Димитар Апасиев на социјалните мрежи објави статус во врска со ова.
„Колку треба да си ГЛУП, од нула до Стефан Богоев, да “заплениш” хартиени обврзници во XXI век и да свикаш прес за да се избламираш начисто!? 🤡
А бе, недоквакан, оди бави се со хотелиерство у Беровско (на плацот на мајка ти) и ослободи место за поасални луѓе у Царина.
#СеДеСеМеДегенерици
#ЦрвенаБуржоазија“, стои во објавата.