Тина Мицковска за отруените коњи во ЗОО Скопје: Да скапаат во затвор монструмите, малце е и тоа за вакви болни умови
Од
Објавено на
Тина Мицковска, познатата вљубеничка во животните и активистка за заштита на нивните права, инаку вработена во скопската Зоолошка градина, видно револтирана од случајот со угинатите коњи во градината.
– Сортните коњи во скопската Зоолошка се отруени со брзоделувачки отров, соопштија вчера надлежните.
„Да скапаат во затвор монструмите! Малце е и тоа за вакви болни умови…“, напиша Мицковска.
Војо Иванов, еден од омилените вработени во зоолошката градина на граѓаните а посебно на децата, на својот Фејсбук профил напиша „Едни пред судот, други пред бога, со мене сѐ уште ќе си имате работа таму“.