Коментари

Ние сме единствена држава каде пензионерите протестираат, а младите наместо да се борат се иселуваат од својата држава, вели Вељаноски

Пензионерите бараат покачување на минималната пензија со минималната плата и линеарно зголемување на сите пензии. Според нив, моменталната висина на пензиите не е доволна за пристоен живот. Согласно новата Методологија за пресметка на пензиите, во март просечната пензија од 17.666 денари се зголеми на 19.150 денари. Изминативе денови протести имаше во повеќе градови во земјава.

Во врска со ова на социјалните мрежи се огласи поранешниот спикер Трајко Вељаноски.

„Ние сме единствена држава во светот каде пензионерите протестираат а младите наместо да протестираат и се борат за своите права се иселуваат од својата држава Македонија“, вели Вељаноски.

На почеток