Коментари

„На автопат споменик не се гради, тие служат за поврзување на градови и региони и за бомби, гранати и заседи“- коментар на денот

Општина Желино го добила писмото од Министерството за одбрана со барање за поставување споменик за десетмината убиени бранители кај Карпалак. Градоначалникот на Општина Желино Блерим Сејдиу вели дека писмото е на погрешна адреса бидејќи општината не била надлежна за да одлучува за такво нешто.

„И јас како градоначалник ако сакам да градам на самиот автопат некој споменик не ќе можам. Морам да се обратам до ЈП за државни патишта. Значи, Законот го вели тоа. Плус тоа, таму нема урбанистички проект. Законот вели така. Треба да се урбанизира прво, да се види дали има услови, итн., итн. Но во самиот автопат, каде што е предвидено за тоа директно е надлежен ЈП за државни патишта“, изјави градоначалникот Сејдиу за ТВ Сител.

„Во право е Сејдиу. На автопат споменик не се гради.
Автопатите служат за возење, поврзување на градови и региони и за бомби, гранати и заседи поставување.
Пред да молите прашајте за да не се срамите“, напиша Елена Оровчанец Спироска на Фејсбук.

На почеток