Апасиев до Мицковски: Алаш-вериш правите со јавниот обвинител Коцевски, ќе те оставиме ако не ги чачкаш нашите


Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, го обвини премиерот Христијан Мицкоски за оддавање на службена тајна и попречување на правдата, бидејќи на прес-конференција ја објави лажната лиценца на клубот „Пулс“ во Кочани. Тој најави дека ќе му поднесе и кривична пријава.
„Миле ми текна и Филипче понудија оставки за бродската несреќа во Охрид и за модуларната болница во Тетово. Ноќта вие сте создале кризен штаб. Кога ве сликаа кај повредените во Вучиќев стил без заштитна опрема, го прекршивте законот. Известување од вас не добивме за кризна состојба. На првата прес конференција ја компромитиравте истрагата со објавување службен документ. Го повредивте и правилото на презумпција на невиност. Бевте обвинител но и бранител на вашиот Папазов… Направивте кривично дело за одавање службена тајна. Вие ја попречивте и правдата. На 18 февруари почнавте постапка за разрешување на Јавниот обвинител Љупчо Коцевски. А потоа ова го одложивте, тоа е нудење или давање корист. Ова е алаш вериш, нема да го обвиниш нашиот а јас ќе те оставам на функција.До кога ќе ги штитите вашите корумпирани вмровски кадри“, рече Апасиев.
Мицковски рече дека не го разбрал прашањето, се било плукање и обвинување и е континуитет во политиката на Димче Апасиев.
