Македонија

БНТ: Бугарски навивач е избоден со нож во Скопје, откако се степал при конфликт на натпреварот

БНТ: Бугарски навивач е избоден со нож во Скопје, откако се степал при конфликт на натпреварот

Навивач на бугарскиот фудбалскиот тим „Левски“ е во болница по тепачка со навивачи од „Шкупи“ во Скопје, јавува Бугарската национална телевија.

dobivaj vesti na viber

Повредените се движеле надвор од одредената патека за навивачите. Дошло до конфликт со навивачи од Македонија, по што еден од Бугарите бил избоден со нож, јавува бугарскиот медиум.

Според БНТ, нема опасност по неговиот живот, тој е пренесен во болницата „Мајка Тереза“, каде што е на лекување.

Инцидентот се случи во населбата Чаир, каде живеат етнички Албанци, пишува „БНТ“.

Од бугарското МНР соопштија дека се информирани за инцидентот и ја следат ситуацијата. Бугарскиот амбасадор во Македонија веќе остварил разговор со надлежните органи и инсистирал на итно расветлување на случајот и обезбедување на безбедноста на бугарските навивачи.

Бугарскиот конзул во Скопје го посетил повредениот Бугарин во болница, јавува БНТ. Според достапните информации моментално се расчистува неговата состојба, но нема ризик по неговиот живот.

Бугарски навивачи денес се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).

Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.

Макфакс

На почеток