Скопје

Град Скопје го распиша јавниот повик за набавка на печки на пелети за 2019 година

Град Скопје го распиша јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки на пелети за 2019 година.

„Со цел, стимулација за користење почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови – печки со повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, Град Скопје на граѓаните што имаат купено печки на пелети од 07.11.2018 година до денот на завршувањето на повикот ќе им надомести дел од трошоците за набавка на печката во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

Јавниот повик ќе трае заклучно со 30 ноември 2019 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв“, велат од Град Скопје.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток