Скопје

Фрлени 45 тони сол на улиците во Општина Аеродром

Зимската служба на Општина Аеродром синоќа и во текот на ноќта интензивно го расчистуваше снегот од улиците и пешачките патеки што се под нејзина надлежност, при што беа фрлени околу 45 тони сол.

„Екипите го чистеа снегот од улиците и тротоарите во Горно и Долно Лисиче, во населбата Лисиче, кај поликлиниката „Јане Сандански“, околу трговскиот центар „Капитол“, „Три бисери“, „Скопјанка“, кај трговскиот центар „Бисер“, како и во населбите Мичурин и Острово.

Општината располага со две сопствени возила за зимско одржување на улиците, а дополнително за расчистување на тротоарите и автобуските постојки беа ангажирани и сезонски работници.

Зимската служба ќе ја следи состојбата и во текот на денот и ќе реагира согласно со условите на терен за да се обезбеди непречено движење на сите учесници во сообраќајот и поголема безбедност на граѓаните.

Истовремено, Општина Аеродром апелира до граѓаните да го расчистат снегот пред своите дворови и влезовите на станбените згради, што е нивна законска обврска, со што ќе се овозможи проодност и непречен пристап до објектите“, велат од Општина Аеродром.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток