Македонија

Стружанец нападнал и повредил полицаец – му било одземено возилото па им упаднал во станица

Стружанец нападнал и повредил полицаец  – му било одземено возилото па им упаднал во станица

Струшкото обвинителство поведе постапка против 30-годишник осомничен за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

dobivaj vesti na viber

Осомничениот, на 26 јули, влегол во просориите на ОВР Струга и на полициските службеници започнал да им вика и да ги навредува поради одземено возило. Кога тие побарале од него да го напушти објектот и да се легитимира, тој со лакт удрил еден од полицајците во стомакот и се обидел да побегне. Додека да го совладаат, осомничениот уште неколкупати го удрил полицаецот, нанесувајќи му повреди на раката, вратот и градите.

Имајќи предвид дека делото е извршено со особена дрскост, односно станува збор за напад врз полициски службеници во полициската станица, јавниот обвинител оцени дека постои можност осомничениот да го повтори делото. Исто така, постојат околности кои укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон. Од тие причини, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор.

Макфакс

На почеток