Кинезот Чин полека станува апсолутен херој на Светското првенство во пливање во Фукуока. Младиот Кинез стана првиот во историјата кој освоил златни медали 50, 100 и 200 градно.
Чин, денеска на спектакуларен начин го собори светскиот рекорд во 200 градно.
Во трката во која водеше од првиот метар, тој забележа резултат 2:05.48 минути и за 47 стотинки го подобри рекордот на Стабилти – Кук, која го освои среброт со 2:06.40, додека Американецот Фалон се искачи на најниското скалило на подиумот (2:07.74).
Олимписката шампионка Татјана Шенмејкер стана и светска шампионка на 200 градно. Девојката од Јужна Африка, која направи голема пауза по ОИ во Токио, триумфираше со резултат 2:20.80. Зад себе ги остави Американката Даглас (2:21.23) и Холанѓанката Скутен (2:21.63), додека славната Лили Кинг остана без медал. Таа заврши на четвртото место.
Унгарецот Хуберт Кос го освои првото злато на планетарните првенства. Тој неочекувано победи на 200 грбно со 1:54.14, пред повеќекратниот олимписки шампион Американецот Марфи (1:54.83) и Швајцарецот Роман Митјуков (1:55.34).
Велика Британија ја оправда улогата на фаворит во штафетата 4 х 200 слободно. Скот, Ричардс, Геј и Дин победија за 6:59.08. Второто и третото место им припадна на штафетите на САД и Австралија.
Макфакс