Најтрофејниот македонски клуб Вардар загуби од Дубочица со 1:0 на денешниот пријателски натпревар на подготовките на Златибор. Српскиот тим го постигнал единствениот гол во 77.минута од натпреварот.
Претходно на подготовките на Златибор, „црвено-црните“ ги победија Смедерево со 1:0 и Бокељ со 2:1, додека со Металац ремизираа, 1:1.
Во Македонија, вардарци ремизираа со Арсими 1:1 и славеа против Тетекс со 3:0.
Тимот на Вардар се враќа во Македонија во пресрет на почетокот на новата сезона во Првата лига.
Макфакс