Бугарскиот клуб Левски кој синоќа гостуваше во Скопје во меч од второто квалификациско коло од Конференциската лига и го победи Шкупи со 0:2, се огласи со соопштение поради немилите сцени, кои се случија пред натпреварот.
Дел од навивачите на Левски беа повредени, а дел и уапсени по инцидентите што се случуваа низ улиците во Скопје, како и пред арената „Тодор Проески“.
„ПФК Левски ја изразува својата поддршка до сите поддржувачи погодени од инцидентите во Скопје. Клубот е во постојан контакт со бугарскиот амбасадор во главниот град на Република Северна Македонија, претставниците на бугарската полиција кои патуваа со делегацијата на Левски и обезбедуваат целосна помош за ослободување на нашите сонародници кои се приведени. Веднаш по инцидентите на стадионот во Скопје и приведувањето на нашите симпатизери, преземени се мерки од клубот и амбасадата на Република Бугарија во Скопје, во лицето на амбасадорот Ангел Ангелов и конзулот Георги Христов, да ги заштитат и да им го обезбедат потребниот статус во моментов“, се вели во соопштението на Левски.
Макфакс