Сака да биде премиер, па со национализам потпалува, вели Ландов за изјавата на Таравари
Од
Објавено на
Околу 30 отсто од жителите на Северна Македонија припаѓаат на албанска националност, но и покрај постојните договори за соживот со Македонците, тие продолжуваат да бидат дискриминирани, вели претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари во интервју за албанската телевизија „Топ-ченл“.
За ова свој коментар даде новинарот Кристијан Ландов.
„Читај: Сакам да бидам премиер, па сеа ќе почнам со национализам оти на тоа сите се палат.
А ќе речеш, доктор е, интелектуалец. Ќе се разликува од останатите, ќе зборува за суштински проблеми, ќе решава маки.
Оф.
Важно не е забрането крадење, корупција, криминал, судско влијание. Затоа ја имаме политичкава постава“, вели Ландов.