Македонија

Таравари: За среќа нема лекарска грешка за смртта на седуммесечното бебе

Извештајот за седуммесечното бебе кое почина на Клиниката за педијатрија покажал дека нема лекарска грешка.

„За среќа нема лекаска грешка. Детето можеби било донесено предоцна, или пак болеста си го направила своето“, вели министерот за здравство Арбен Таравари.

Директорот на Клиниката д-р Реџеп Мемеди изјави дека прават напори да вработат доволно кадар што ќе може да ги пружи сите услуги за малите пациенти, а се работи и за лекари и средно медицински персонал.

Таравари најави дека наскоро со Мој термин ќе се овозможи и специјализнатите кои што специјализираат на сите медицински факултети да имаат простап и да можат да подготват извештај со нивно име и презиме, да не биде како до сега кога специјализантот прегледува, специјалистот е тука, а извештајот оди со специјалистичкиот факсимил.

На почеток