Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Таравари: Платите во здравството ќе бидат највисоки во историјата на оваа држава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
taravari-dogovor

Министерот за здравство и еден од лидерите на ВЛЕН, Арбен Таравари, ја сподели долгоочекуваната вест за здравствените работници, каде што зголемувањето на платите во наредните четири години ќе биде помеѓу 40 и 50 проценти.

— реклама —

„Изворедна вест. Платите во здравството ќе бидат највисоки во историјата на оваа држава! Благодарност до Владата и синдикатите кои се согласија на овој договор, кој ќе влезе во светлите страници на оваа земја“, соопшти Арбен Таравари.

— реклама —

Претходно, и премиерот Христијан Мицкоски им се заблагодари на синдикалните организации и синдикатите кои конструктивно учествуваа со нивните идеи за време на целиот процес, заедно со претставниците на синдикатите, Министерството за финансии, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, како и другите кои беа вклучени.

Со овој постигнат договор, веќе следната година во март ќе има дополнително зголемување од 5 проценти на сумата наменета за плати за здравствените работници, додека во 2026 година тоа ќе биде од 5 до 7 проценти. Истото зголемување од 5 до 7 проценти ќе се реализира и во 2027 година, а во 2028 година ќе биде од 7 до 10 проценти. Или, ако го земеме целиот овој период последователно, добиваме зголемување на износот на средствата потребни за исплата на платите на здравствените работници за целиот период помеѓу 40 и 50 проценти, се додава во соопштението на Таравари.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryev4ngjq9pvm99r65Cc4

Фондот за здравство отвори постапка за нов директор

Македонија | пред 3 дена

media-library7qn05d28as93cH9cpU6

Лекарската комора: Не смее да има генерализација на одговорноста кај докторите

Македонија | пред 3 дена

media-libraryc732or5a7ngu5dmjMJV

„Фали терапија“ пред Министерство: Пациентите со ретки болести бараат континуитет, од институцијата велат нема недостинг на лекови

Македонија | пред 4 дена

media-library2fbssvr09r9kdsEvq76

Кај нас 35% од населението пати од дебелина, а таа е поврзана со над 200 заболувања

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања