Македонија

Кафеанџиите го узурпираат плочникот од 1,5 милион евра на Кеј 13 Ноември, Данела Арсовска молчи

Кафеанџиите го узурпираат плочникот од 1,5 милион евра на Кеј 13 Ноември, Данела Арсовска молчи

По две години воздржување, кафеанџиите на кејот „13 Ноември“ во Скопје се опуштија и си поставија маси и столици надвор од одобрените летни тераси. Поставени се меѓу дрвјата и покрај клупите за кои е предвидена јавна употреба.

dobivaj vesti na viber

Одобрените летни тераси, кои се застаклени, поставени на платформи и речиси по ништо не се разликуваат од внатрешните делови на локалите освен по тоа што во нив е дозволено пушење, стојат празни, а се полнат масите на плочникот од шеталиштето.

Кафеанџиите се воздржуваа и две години не поставија маси и столици надвор од летните тераси

Градската инспекција ја нема, а за узурпирањето молчи и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Таа од вчера не одговара на прашањата од „Макфакс“ за узурпираното шеталиште.

За узурпирањето не сакаа да зборуваат ниту од локалот чии маси се поставени надвор од летната тераса. И од таму не одговорија на прашањата од „Макфакс“.

Градоначалничката Арсовска не одгвори на прашањата за узурпираното шеталиште

Кејот „13 Ноември“ со децении се узурпира од кафеанџиите, а до пред две години на многумина им служеше и како бесплатен паркинг во најстрогиот центар на градот. Си влегуваа до кафеаните со автомобили и си паркираа на шеталиштето, а градската власт беше немоќна да го реши проблемот.

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, пред две години го реновираше шеталиштето со цел да ги дисциплинира кафеанџиите, кои беа распослани насекаде, но и да го ограничи сообраќајот.

Проектот чинеше 1,5 милион евра, а вклучуваше и нови плочки и нова урбана опрема на шеталиштето. Беше свечено пуштен во употреба на 58-годишнината од земјотресот и изминативе две години на Кејот немаше распослани маси и столици насекаде, ниту пак паркирани автомобили.

Макфакс

На почеток