Македонија

Вучиќ:Србија ќе биде една од првите држави, кои својот јужен сосед ќе го признае под новото уставно име

Ние не се мешаме во внатрешните работи на други држави, кога договорите се постигнати и донесени. Србија им честита и на Скопје и на Атина. Србија ќе биде една од првите држави, кои својот јужен сосед ќе го признае под новото уставно име. Сакаме најдобри можни односи и со двете земји и уште еднаш им честитам на господинот Заев и Ципрас, истакна српскиот претседател Александар Вучиќ одговарајќи на новинарско прашање, вечерва во Нови Сад на отварањето на манифстацијата „Нови Сад-европска престолнина на младите“.

Вучиќ уште им честиташе на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на ратификација на Преспанскиот договор.

На прашањето за тоа колку овој договор ќе придонесе за добриот развој на односите меѓу Србија и Косово, рече дека „постојано за ова слуша приказни“, но нагласи дека „тука се работи само за името“.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток