Свет

Четиричлено семејство се жали дека платило над 250 евра за ручек во Црна Гора – ја објави сметката

Четиричлено семејство се жали дека платило над 250 евра за ручек во Црна Гора – ја објави сметката

Туристите во Црна Гора се изненадени од цените на плажите, но и сместувањето и храната, па така, едноставен ручек четиричлено семејство чини го чинело повеќе од 250 евра.
.
Весникот „Дан“ од Подгорица објави фотографија од сметка што им ја испратил читател, на која се гледа дека за ручек за четиричлено семејство во ресторан во Луштица биле исплатени 256,50 евра.

dobivaj vesti na viber

Според сметката, киселата вода во овој ресторан чини 4 евра, чаша вино 13 евра, салата и тестенини по 18 евра, а десертот за кој читателот тврди дека бил минијатурен чинел дури 12 евра.

makfax.com.mk

На почеток