Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, денеска го повикува министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска да земе креда и на таблата да напише одговори за тоа во кои кластери за ЕУ се: Преговори на Влада со Слупчане за плаќање струја? Полициска асистенција за екипи на ЕВН да прочитаат струјомер? Претприемачки дух на Дрин Ахмети без денар пола Соравија да ја добие? Изборот на Абази во обвинителство, жена му во АЕК, додека Али му седи на глава? Хотелот на Шапка, дуќанот во Скопје и луксузното Аудито на Груби? Кабелот за тетовската болница? Во кој кластер е лагата за лекот Трикафта, во кој кластер се душите на 45те изгорени во автобусот Беса Транс? Кривичните за Рамиз Мерко, директорката му со средно во Струга, и докторот што ја остави жената без органи?
Столковски од Османи побара одговор и за тоа во кои кластери за ЕУ се: Фирма за гаќи избрана за надзор за градба на автопат? Фабриката на Дестани за коли на струја и концесија за Иловица? Издавање пасоши за светски мафијаши? Државна земја за фирмата на сопругата на премиерот? Договор за градба на коридор со пенали за предвидени непостоечки закони? Немање учебници, а во кој кластер трите милиони евра за Арберија? Вработувањата на новинарката и сопругата на Мартин Костовски како неопходни во МНР? Доведување на Македонија во подредена положба и намерно загрозување на нејзините интеграции?
Предавството и одговорноста која што ќе следи?
-Бујар Османи, земи креда и со големи букви напиши: УСТАВНИ ИЗМЕНИ ПОД БУГАРСКИ ДИКТАТ НЕМА ДА ИМА! Бујар Османи да си ја реализира оставката, што сепак нема да го спаси од одговорност, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Макфакс