Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Поради ваквите пресуди, како за 11-годишната Магдалена, судството на СДС и ДУИ има 1 % доверба

ВМРО-ДПМНЕ: Поради ваквите пресуди, како за 11-годишната Магдалена, судството на СДС и ДУИ има 1 % доверба

„Преиначувањето на пресудата од 18 години затвор, на 8 години, од страна на Апелација, за Николов, кој во Велес ја прегази малата Магдалена и ја повреди нејзината мајка, е во најмала рака срам за државата и судството, кое веќе нема ни 1% доверба кај граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Како олеснителни околности, судот навел дека лицето кое го извршил овој акт, бил млад и не бил женет. Прашањето е како тоа олeснителни околности се лице кое вози под дејство на алкохол, прегазува мало девојче на пешачки премин, воедно ја повредува нејзината мајка и притоа не застанува, не дава прва помош, туку напротив се дава во бегство, каде неколку дена го бара полицијата“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова се случува кога цвета корупцијата во судството и кога судиите се избираат во партиските штабови на ДУИ и СДС. Правда и одговорност мора да има за сите инволвирани во овој трагичен настан, тоа го бараат граѓаните“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Макфакс

На почеток