Македонија

Војници најрано утре заминуваат за Словенија, вели Петровска

Војници најрано утре заминуваат за Словенија, вели Петровска

Министерката за одбрана Славјанка Петровска најави дека утре за Словенија ќе заминат сто војници од различен состав кои ќе одговорат на потребите на словенечката армија.

dobivaj vesti na viber

– Жалам што и оваа трагедија што се случува во Словенија се користеше за разни шпекулации, изнесување лаги и невистини во македонската јавност, дека доцниме со помошта. Не сакавме да правиме маркетинг од тоа, дозволете да известам како течеше. Од првиот момент кога се случи несреќата во Словенија и поплавите, стапивме во контакт и јас со мојот колега, премиерот, претседателот на државата и сите министри и ја понудивме нашата поддршка. Од нивна страна беше одговорено дека штом ја направат анализата што им е потребно ќе бидат доставени барања и тие во текот на вчерашниот ден беа доставени. Веднаш вчера изреагиравме. Претседателот на државата во координација со началникот на Генералштабот и со мене денеска на седница на Влада ќе ја донесеме одлуката за упатување на сто војници од различен состав кои ќе одговорат на потребите на словенечката армија, рече Петровска.

Министерката рече дека војниците се подготвени да заминат уште денеска, во текот на попладнето ќе ги посети и најрано утре сабајле ќе заминат, а денеска на седницата на Владата ќе биде донесена одлука, формален дел од процедурата.

Петровска додаде дека засега е тоа побарано, а другите технички средства кои биле побарани, материјална техничка поддршка, во моментот државата не е во можност да одговори.

– Во иднина ако се испратат барања на кои ќе можеме да одговориме, ќе одговориме, кажа министерката.

Макфакс

На почеток