Македонија

И Блерим Беџети се врати кај Али Ахмети

Блерим Беџети, градоначалникот на Сарај, се врати во ДУИ кај лидерот Али Ахмети, иако претходно беше еден од фронтмените на „Огнената група“.

„Со претседавачот г. Али Ахмети во посета на семејството на г. Бари Демири од населбата Буковиќ, истакнат активист во дијаспората“, напиша Беџети на Фејсбук.

Беџети и Невзат Бејта беа дел од таканаречената „Огнена група“, но тие се вратија кај Ахмети и не му се придружија на Изет Меџити кој сега формираше нова политичка партија.

На почеток