Македонија

(Видео) Докторка од Инфективна: Не можам да ви кажам дали доаѓала заразената болничарка на работа, додека била под надзор, а како го замислувате вие надзорот

(Видео) Докторка од Инфективна: Не можам да ви кажам дали доаѓала заразената болничарка на работа, додека била под надзор, а како го замислувате вие надзорот

Докторката Добринка Наунова Јовановска, од ЈЗУ УК за Инфективни болести објасни дека заразената болничарка со Конго-кримска хеморагична треска засега е во стабилна состојба.

dobivaj vesti na viber

– Параметрите се следат континуирано, да не дојде до некое влошување, ова е веќе петти ден како е болна, но се следи постојано да не дојде до некои влошувања. Кај оваа болест конкретно е многу важна супортивна терапија, заменска терапија да се надокнадува се што се губи. Пациентката се надеваме дека ќе остане во стабилна состојба. Самата болест има еволуција, првите денови не се така лоши, подоцна се влошува состојбата, затоа се следи за да се интервенира во одредени ситуации. Засега нема крварења, изјави Наунова Јовановска.

Како што објасни докторката сите што биле во контакт со претходната пациентка се под надзор и се следат сите параметри.

– Досега веќе 29 лица се под надзор. За ден, два им истекува. Од новиот контакт 11 лица се под надзор и тие се следат. Пренесувањето не настанува од обичен разговор, треба секрет и крв за да се пренесе. Не е битно дали ќе дојде на работа и ќе разговараме, туку дали ќе се развие болеста и ќе стане извор на зараза за да се пренесе, рече Наунова Јовановска.

Болничарката била трета смена на работа ноќта кога ја негувала пациентката.

На прашањето дали доаѓала на работа болничарката додека била под надзор, докторката не можеше да каже.

– Не можам да ви кажам дали доаѓала. Дали доаѓала додека била под надзор? Не, не колку јас што знам. А што надзорот, како го замислувате. Надзорот подразбира да се следи температура, симптом било каков да се јави, веднаш да се направат испитувања. Тоа е битно. За да се пренесе инфекцијата не е како ковидот штo беше, потребен е материјал за да се пренесе на лице, додаде докторката.

На прашањето како можело да дојде до заразување и покрај заштитата што ја користат, докторката истакна дека мора многу да се внимава, при симнувањето на ракавиците и облеката особено кога има голема количина заразен материјал.

– Ние како инфектолози сме добро упатени какви се заштити треба да се носат посебно кај вакви болести, независно што додека добивме дијагноза се работеше со пациентката, како пациент во тешка состојба. Шансите се многу мали, но со оглед дека пациентката има ненормално големи количини на секрети и крварења, тие се тие заразни содржини што може да бидат пренесени. И покрај заштитата која ја имаме ние, додека болничарката работела со пациентката била заштитена. Но, потоа кога ги симнува ракавиците, маските или облеката, може нешто да прсне во слузницата, во очите и да се зарази. Се е можно кога постои така голема количина на заразен материјал. Затоа многу треба да се внимава, објасни докторката.

Макфакс

На почеток