Џенифер Лопез ги воодушеви своите следачи на социјалните мрежи во четвртокот со нови фотографии за да ја промовира сопствената линија пијалоци „Делола“.
Џенифер (54) – која моментално се релаксира на брегот на Амалфи во Италија – позира во бикини и го рекламира својот нов бренд коктели Delola.
Мегаѕвездата позира на лежалка за сонце, покажувајќи ја својата беспрекорно затегната фигура во бели бикини со врвки.
Изгледот го дополни со златен накит – обетки со мали обрачи и долг ѓердан.
Лопез, која е во брак со оскаровецот Бен Афлек, во описот на својата објава напиша ‘Back in my element’ („Повторно во свој елемент“).
Иако е позната по силната работна етика, Џенифер дава приоритет на рамнотежата во животот, а помеѓу музичките и актерските проекти, секогаш наоѓа време за семејството и пријателите. Кога е време за дружење, Џенифер станува Лола, прекар кој го има уште од детството, а кој ја открива нејзината разиграна и безгрижна страна. Во тие периоди, Лола ужива во чаша розе, шампањ или лесен коктел, а едно од омилените места за тоа е италијанскиот брег, каде што го открила шприцерот.
Инспирирана од убавите моменти во Италија, кога е опуштена и одморена, латино-дивата, која има и свој бренд на козметички производи, реши да создаде своја освежителна линија на вкусни шприцери и коктели кои не содржат вештачки бои и глутен и, содржат помалку шеќер и алкохол. Пијалоците се на растителна основа и во убаво дизајнирани шишиња.
Со овој потег, таа им се придружи на познатите колеги кои имаат свои алкохолни пијалоци, меѓу кои Бред Пит, Камерон Дијаз, Сара Џесика Паркер, Кејт Хадсон, Џорџ Клуни, Џаред Лето, Кендал Џенер, Тревис Скот, Мелоун, Дрејк.
Макфакс