Македонија

СДСМ: Мицкоски го брани Касами, молчи за настаните и провокациите во Тетово

СДСМ: Мицкоски го брани Касами, молчи за настаните и провокациите во Тетово

„Христијан Мицкоски упорно молчи за настаните што се случија во Тетово во петокот.

dobivaj vesti na viber

Нема ниту еден збор од Мицкоски ниту за државната химната, ниту за државното знаме, ниту за провокациите, нема ниту осуда.

Со таквиот молк, Мицкоски целосно се стави во одбрана на своите коалициски партнери кои беа организатори на настаните во Тетово и Скопје.

Касами стана градоначалник со поддршката и гласовите на ДПМНЕ, а нивната заедничка соработка продолжува и во Советот, во Собранието но и за други теми.

ДПМНЕ е коалиција во Тетово токму со Касами. Заедно со Мицкоски се здружија да прават ново парламентарно мнозинство и нова влада, кое не им успеа.

Наместо да молчи, Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да одговори на прашањата за настаните во Тетово и Скопје“.

Соопштение на СДСМ

Макфакс

На почеток