Македонија

Синдикатите на ЈСП чекаат средба со Арсовска, ако не добијат плата најавија протест

Синдикатите на ЈСП чекаат средба со Арсовска, ако не добијат плата најавија протест

Вработените во ЈСП бараат исплата на јулска плата, во спротивно најавуваат дека утре повторно ќе излезат на протести, ако денеска не бидат примени на средба од страна на градоначалничката Данела Арсовска.

dobivaj vesti na viber

Од синдикатот на јавното претпријатие иако поминал законскиот рок, тие како што велат уште немаат добиено плата за месец јули.

Ова е втор пат во мандатот на Арсовска вработените на ЈСП да штрајкуваат.

Минатата година во октомври Скопје остана без јавен превоз откако шоферите излегоа на штрајк и престанаа да возат оти немаа исплатена плата.

 

Макфакс

На почеток