Коментари

Тие 70 што гласаа за почеток на уставните измени ја негираат Македонија, Македонците, јазикот, културата, историјата, антифашизмот, вели Божиновски

Со еден час доцнење почна собраниската седница со единствена точка на дневен ред – уставни измени. Со неа раководи претседателот на Собранието, Талат Џафери. За дневниот ред гласаа 117 пратеници – од кои 47 „против“, 70 „за“, а воздржани немаше.

Божидар Божиновски на социјалните мрежи искоментира дека оние кои гласаа за да почнат уставните измени, не се само бројка туку имаат и име и презиме и им фали само достоинство.

„Тие 70 што гласаа за да почнат уставните измени, не се само бројка туку имаат и име и презиме, им фали само достоинство.
Тие 70 денес повторно го предадоа Гоце, повторно ја задушија во крв Крушевската република, повторно во затвор ги мачеа и Страшо и Мирче, повторно го откопаа и запалија телото на Стив Наумов, повтпрно ги стрелаа децата од Ваташа, повторно на колец ја шетаа главата на Дуња. Повторно ги депортираа Евpeите.
Тие 70 го повампируваат фашизмот, ја негираат Македонија, Македонците, јазикот, културата, историјата, антифашизмот.
Нема да им помине, а нема ни да им се заборави.
Смрт на фашизмот, слобода на народот“, вели Божиновски.

На почеток