Што ветувале, а што направија: „Мислам не сме сите хонорарци во влада со пола мозок“
Иљче Затаракоски, кој важи за критичар на политичките партии и власта, ги коментираше промените кои настанале кога ВМРО-ДПМНЕ заминаа, а СДСМ ја преземаа власта.
„Пред да дојдат на власт ветуваа живот за сите, правда за сите, затвор за криминалците, дури и опнаа бројчаник на Триумфална, шо веројатно е зарибан, а во меѓувреме се колнеа дека името нема да се смени.
Дојдоа на власт и ветија дека промена на името може има само ако народот одлучи така на референдум, па ја сменија плочата дека референдумот ќе е консултативен и на крај си ги земаа во коалиција криминалците шо ќе ги апсеа за да ја истуркаат на сила промената, со ветување дека ова е последна отстапка и следна станица ни е ЕУ.
И после сѐ ова, можит некој да ми објаснит врз основа на што би им верувале дека внесувањето на Бугарите во Устав е последна отстапка? Мислам не сме сите хонорарци во влада со пола мозок…“, напиша Затаракоски