Охрид

Пред хотелот „Палас“ беа претставени учесниците на 36. Охридски пливачки маратон,

На пригодна свеченост која се одржа вчеравачер на платото пред хотелот „Палас“ беа претставени учесниците на 36. Охридски пливачки маратон, што ќе се одржи во сабота на 26-ти август.

„На патеката „Климе Савин“ во должина од 25 километри оваа година ќе запливаат вкупно 15 натпреварувачи од кои, шест во женска и девет во машка конкуренција. Оваа година покрај домашните пливачи, на маратонот ќе учествуваат и пливачи од Франција, Холандија, Италија, Аргентина и Турција.

Во рамки на настанот ја доделивме спортската награда „Климе Савин“, која оваа година му беше врачена на еден од најистакнатите македонски пливачи Томи Стефановски.

Исто така беа доделни и признанија за поддршка на Охридскиот пливачки маратон на компанијата „Костал“, „ЈК Травел“ и на спортскиот коментатор во пензија Атанас Костовски“, вели Кирил Пецаков.

На почеток