Македонија

Најчевска: Бегството на Груевски е организирано од ДУИ

Професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил напиша дека бегството на Груевски било организирано од страна на неговиот соработник во криминалот – ДУИ.

„Се поверојатно е дека бегството на Груевски го организирал неговиот долгогодишен партнер и соработник во криминалот – ДУИ.
Отсуството на сериозна истрага и измотавањето со јавноста мора да заврши. Или дајте резултати од истрагата или поднесувајте оставка. Од министер за внатрешни работи, преку министерка за правда, преку Републички јавен обвинител, па судии и секако оние од СЈО кои не побарале притвор за Груевски.
Бегтсвото е очигледно политички организирано и политичарите треба да одговараат. Заштитата на организаторите и заташкувањето на трагите кои водат кон политичкиот помагач е кривично дело“, напиша Најчевска.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток