Коментари

Да не беше Данела села во Сарај ќе немаа вода, ама они „сојуз на албански општини“ ќе праеле, мислите ќе живее некој во нив?, прашува Муамеди

Умејр Муамеди, магистер на правни науки, кој е познат и како критичар на актуечните политички и општествени состојби во Македонија остро реагираше на изјавите кои беа актуелни изминатите денови, во кои се велеше „албанските општини први ќе влезат во ЕУ“. Ова беше став и на политичари од Алтернатива во Собранието.

Муамеди испрати порака да се описменат.

„Прво: Албански општини во Македонија не постојат. Постојат општини со мнозинство албанци. Ова грешка ја прават и многу неписмени новинари и Албанци и Македонци. Второ: Да не беше Данела Арсовска преку Град Скопје да интервенира пола од селата во Сарај (Општина со мнозинство Албанци) уште ќе немаа вода за пиење ама они “сојуз на албански општини ке формирале”, мислите некој ке прифати да живее во такви општини кои вода за пиење неможат да обезбедат за жителите? Сигурно дека не. Трето: Уставни измени НЕМА ДА ИМА! Ниту под диктат на Бугарија а ниту пак под диктат на ВМРО-ДПМНЕ“, пишува тој.

На почеток