Се сеќавам и кога бевме на пругите за брзиот воз кон ЕУ пред референдумот за Преспанскиот договор и менувањето на името, коментира Трајковска
Новинарката Жанета Трајковска на социјалните мрежи ги коментира изјавите на македонските министри кои со години тврдат дека веќе сме пред влез во Европската Унија, а постојано се испорачуваат нови барања наместо да се почнат преговори.
„Се сеќавам и кога бевме на пругите за брзиот воз кон ЕУ пред референдумот за Преспанскиот договор и менувањето на името. Се сеќавам и дека ветено било (од некој Шарл Мишел во минатото -усно секако), дека за 4 -5 години ќа сме пред нивните порти и кај и да е, ќе пенетрираме во рајот, запирајќи на станицата викана ЕУ.
Еве сме пак, после години, гледаме накај брзиот воз и си викам сама на себе оти бе Жане памтиш кој што збори бе?! Туку Шарл Мишел уште колку е на функција, за колку месеци му завршуваше мандатО?!“, напиша Трајковска.