Македонија

ФОН ќе има нов декан – Љубомир Фрчкоски, од 1 март наместо во УКИМ, седнува во ФОН

Сопственикот на ФОН Универзитет, Сефер Цаноски, на својот ФБ профил објави дека познатиот професор од Правниот факултет при УКИМ, Љубомир Фрчкоски од 1 март ќе биде декан на ФОН.

Студентите на Универзитетот ФОН во новиот семестар со нов професор и нов декан на факултетот за правно – политички науки…

Posted by Sefer Canoski on Wednesday, January 30, 2019

Проф. др. Фрчкоски е професор по меѓународно право, меѓународни односи ,Современи политички теории и др.

Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1981. Во 1986 година магистрирал на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а со титулата доктор на науки се стекнал на Универзитетот „Едвард Кардељ“ во Љубљана во 1989 година.

Повеќе од 3 децении работеше на државниот универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје. Работниот однос со универзитетот ФОН започнува со почетокот на новиот семестар од 1 март“-објави Цаноски.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток