Коментари

Да се засрамат и да го фрлат белиот мантил, порача докторот кардиолог Николов за „Онкологија“

Докторот кардиолог Сашко Николов го искоментира случајот „Онкологија“ за каде има тврдења дека се краде терапија од пацинети. Им порача на колегите кои го правеле ова, да го фрлат белиот мантил.

„Медицинската професија се основа на Хипократовата заклетва, која дава сигурност на болниот, дека медицинското лице со целото свое знаење кое го стекнал во текот на едукација, максимално професионално, достоинствено и со емпатија према болниот, ќе му пружи најдобра нега која здравствениот систем може да ја обезбеди. Оваа заклетва дава доверба на пациентот према докторот, оваа заклетва не прави нас лекарите да даваме не само стручност и професипналност, туку и емоции во лекувањето на пациентите.

За жал, скандалот што го слушаме и гледаме по медиумите е земјотрес во нашиот здравствен систем и за жал токму ваквото однесување на поединци од лекарската фела се причина за незадоволството према здравствените работници.
Не треба да се генерализират ваквите скандали, зошто има колеги и медицински сестри кои пожртвувано и чесно си ја вршат својата работа.

Меѓутоа, треба детално да се истражи овој скандал и сите оние кои се дел од ова сатанистичко, монструозно однесување да бидат спроведени пред Законот, да им се одземат лекарските лиценци и да им се забрани било каква работа како здравствени работници, а нивните имиња и презимиња јавно да се обелоденат, за да се направи разликата од чесните доктори! ДА СЕ ЗАСРАМАТ И ВЕДНАШ ДА ГО ФРЛАТ БЕЛИОТ МАНТИЛ, БИДЕЈЌИ ТОЈ НЕ ЗНАЧИ САМО ЛЕКУВАЊЕ НА БОЛНИТЕ, ТУКУ И ВЛЕВАЊЕ НАДЕЖ КАЈ ОНИЕ КОИ ЈА ИЗГУБИЛЕ!“, порача Николов.

На почеток