Охрид

Верувајте во своите способности и сигурен сум дека ќе ги остварите сите ваши цели, им порача Пецаков на учениците

„Со најискрени желби за многу училишни успеси, на сите првооделенци им посакувам среќен почеток на образованието, а на сите ученици им упатувам срдечни честитки за новата учебна година!“, порача охридскиот градоначалник Кирил Пецаков.

Тој додаде:

„Секој училишен ден нека биде ваша нова можност за откривање на светот и запознавање со себе си. Образованието е клучот кој отвора нови врати кон неограничени авантури, а сите вие поседувате моќ да постигнете големи нешта!

Верувајте во своите способности и сигурен сум дека ќе ги остварите сите ваши цели. Читајте, пишувајте, истражувајте и растете, а се што ќе научите ќе ве направи посилни и подготвени за иднината. Чекорете смело и развивајте ги вашите таленти и вештини. Споделувајте знаење, поддржувајте се меѓусебно, сонувајте големи соништа и бидете инспирација за другите.

Ви посакувам да уживате во секој момент на вашиот образовен пат, а ние секогаш ќе бидеме тука за да ве бодриме и да ве поддржуваме.

Со цел да ги подобриме условите за настава и да создадеме можности за поголем напредок во учењето, во текот на изминатиот период реализиравме низа инвестиции во училиштата. И оваа година обезбедивме финансиска поддршка за секое прваче и стипендии за сите истакнати ученици. Продолжуваме во континуитет да ги наградуваме и вреднуваме сите големи училишни успеси.

Бидете живи и здрави и имајте весела и успешна учебна година!“.

На почеток