Во своето гостување во емисијата Клик Плус на Телевизија 21, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, како една од причините за предвремени парламентарни избори го наведе, како што вели, изборниот грабеж кој власта го припрема на претседателските избори.
„Една од причините зошто бараме предвремени парламентарни избори е за да спречиме предизборен грабеж кој што се повеќе се навестува на претстојните претседателски избори. Тоа го видовме веќе во неколку наврати, тоа беше видено на референдумското гласање каде што за две до четири секунди гласаше еден гласач. Тоа е практично невозможно и е спротивно на физиката“, истакна Арсовски