Вчера, во 7 часот, во с. Бузалково, Велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М. С. (50) од с. Бузалково.
При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основниот суд Велес, биле пронајдени и одземени револвер, 51 патрон за ловечка пушка, гасен пиштол и рамка за гасен пиштол.
Лицето било приведено во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 5.9.2023, во 7.10 часот, во с. Бузалково, Велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ј. Ј. (23) од с. Бузалково. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основниот суд Велес, била пронајдена рамка за автоматска пушка. Лицето било приведено во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Макфакс