Македонија

(Видео) Мицкоски за намалените казни на функционерите: И со златно знаме да го донесат законот, секој што сторил криминал – ќе одговара

(Видео) Мицкоски за намалените казни на функционерите: И со златно знаме да го донесат законот, секој што сторил криминал – ќе одговара

СДСМ и ДУИ се спремаат за опозиција и криминалот што го правеа изминатите 6 години сакаат на овој начин да го скријат, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарското прашање кој е неговиот коментар во однос на најавените измени на Кривичниот законик со европско знаменце од Владата на СДСМ и ДУИ.

Мицкоски додаде дека Владата на СДСМ и ДУИ турка два члена од законот, а тоа се измени на Законот за злоупотреба на службената положба и членот за злосторничко здружување.

„Ќе кажам две работи кои се важни да се знаат. Првата работа е дека Владата на СДСМ и ДУИ се спрема за опозиција. Зошто се спрема за опозиција? Затоа што вака на шверцерски начин со злоупотреба на европско знаменце ги носи измените во Кривичниот законик, генерално во два челна, а тоа се членот што го опфаќа делот за злоупотреба на службената положба и вториот член – тоа е злосторничко здружување. Тоа се двата члена. И тие сега за да го обременат сето ова и да му дадат европско знаменце, нормално ставаат и некои други членови, кои апсолутно не се суштината на овој закон. Важно е да се каже дека се спремаат за опозиција и криминалот што го правеа изминатите 6 години сакаат на овој начин да го скријат“, изјави Мицкоски.

Упати порака дека дури и да го носат законот со златно знаме, а не со европско, секој што згрешил пред законот, а за што постојат докази, ќе одговара.

„Втората моја порака до нив е и со златно знаме да го донесат овој закон, има можности веднаш по падот на оваа криминална Влада, сите оние што сториле криминал, а за што постојат докази, да одговараат и јас ви ветувам дека ќе одговараат“, дециден е Мицкоски.

Макфакс

На почеток