Коментари

Со вакви релативисти, продадени души, луѓе без став, вртикапи – не може ништо да се оправи и подобро, порача Ивор Мицкоски

Колумнистот Ивор Мицкоски смета дека власта предводена од СДСМ успеа да го релативизира сето она со кое се китеше со години. Ова следува по измените на Кривичниот законик и намалување на казната за делото за кое функционерите се најчесто гонети – злоупотреба на службена положба и овластување. СДСМ со доаѓањето на власт вети дека нема да има неказнивност и секој ќе одговара, како и дека функционерите ќе ја носат најголемата одговорност.

„Ја гледате ли таа лоботомизирана, корумпирана, арогантна, партиски вечно зависна багра од платеници, професори, експерти, како во клучен момент знае да го усере и релативизира се она што со години го збореше и со што се китеше како прогресивна и правдољубива“, пишува колумнистот, Ивор Мицкоски.

Тој додава:

„Сега се било мала цена за влез во ЕУ, а таа мала цена секогаш е продолжување или простување на криминалот.
Па со вакви релативисти, продадени души, луѓе без став, вртикапи, профитери од народна мака, а токму и поради ваквите, не може ништо да се оправи и подобри, за нив секој принцип, секоја политика е пластелин, како ќе нареди партија, интерес или потреба, они тоа мора да го одбранат, ама и да одржат демек аргументирано ниво, да се посерат колку веруваат во исправноста.

Заслужуваат човек да ги плукне во око, море заслужуваат и полошо, за овие 7 години слугување и бранење на неодбранливото.

Полоши се и од политичарите кои ги носат смрдливите одлуки, јер овие барем кријат што добиле, колку заработиле, додека за оваа голтарана, секогаш гледаме што добиле и што стекнале. По огавност, мизерија и одвратност ги надминаа и слугите на режимот“.

На почеток