Вчеравечер, во 22 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода 35-годишната Џ. С. од Виница, извести МВР.
„Таа се сомничи дека околу 19.30 часот влегла во куќа во село Тимјаник, Неготинско, и се обидела да изврши кражба“, соопшти МВР.
Лицето било приведено во ОВР Неготино и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Макфакс