„Единствена Македонија силно го охрабрува марионетата Зоран Заев во пресрет на утрешната одлука на СДСМ за предвремени парламентарни избори да го прифати барањето на целата опозиција за распишување на парламентарни избори заедно со претседателските избори.
Цел свет знае дека марионетската власт на Заев е инсталирана од странски центар и не ја отсликува вољата на бирачите и затоа единствено решение се предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори.
Единствена Македонија ги повикува европските дипломати да престанат со дејствување на начин кој не одговара на нивниот дипломатски статус бидејќи нивните отворени повици да не се распишуваат и предвремени парламентарни избори е недозволиво мешање во внатрешните работи на Република Македонија.
Странски измеќар Заев секојдневно се фали во јавноста дека ќе победел на наредните избори, па, ајде да се соочиме со народот на предвремени избори за историската иднина на Република Македонија“, се вели во соопштението од Единствена Македонија.