Македонија

Пандов: Ѓорчев е Тоти, ама ВМРО-ДПМНЕ го има Марадона, затоа тој треба да игра

Аналитичарот Александар Пандов на Фејсбук ја коментира изјавата на Мицкоски дека Влатко Ѓорчев е како Франческо Тоти во фудбалот, и порача дека ВМРО-ДПМНЕ го има и Марадона.

„Денес е последниот ден од конкурсот во ВМРО за претседателски кандидат. До сега се поднесени две од Влатко Ѓорчев (Тоти) и од Гордана Силјановска Давкова (goga_soros). Во случај сепак Заев да се охрабри и да излезе на парламентарно соочување со народот, сметам дека ВМРО треба да има претседателски кандидат.

Од тука јас се приклучувам на повикот од Миленко Неделковски кон Коце Трајановски да поднесе кандидатура на партиската конвенција. Ако Влатче е Тоти, Коце е Марадона во ВМРО ДПМНЕ. Мојата поддршка важи само и само ако има и парламентарни избори“, напиша Пандов.

На почеток