Македонија

Најчевска со нов кандидат за претседател

Професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил напиша дека според неа претседател на државата треба да биде професорката Ирена Стефоска.

„Повторно ме прашаа, кога веќе сум запнала за жена претседател кого би го предложила.
И јас повторно велам: Ирена Стефоска.
И воопшто не се зафркавам и имам многу добри аргументи.
1. Таа е жена.
2. Е професор, а не некој пилиштарец кој уште не знае врвците на чевлите правилно да ги врзе или се пијанчи по американските клубови.
3. Има повеќе познавање за Македонија и нејзината историја од било кој од тие кои себе си се нарекуваат патриоти.
4. Беше дел од Хелсиншкиот комитет и знае што се тоа права на луѓето и како да ги брани.
5. Беше дел од Шарената револуција и храбро се спротистави на моќниците.
6. Како пратеничка не стана дел од стадото, не се покори на партискиот диктат и прилично брзо ја прележа болеста на власта без да и биде направена неповратна лоботомија.
7. Не е корумпирана и има огромни шанси да не стане корумпирана.
8. Со двете нозе стои на земјата и знае што може, а што не може да се направи во државата.
9. Околку себе има круг на многу паметни луѓе кои во секој момент ќе и ја дадат интелектуалната поддршка која ќе и затреба.
10. За разлика од фикусот кој до сега зафаќаше место во претседателската куќа зборува повеќе јазици (меѓу кои и на неколку наши најблиски соседи од несловенско потекло)“, стои во објавата на Фејсбук.

На почеток