Македонија

Врховен ги одби жалбите на обвинетите за „Монструм“

Врховен ги одби жалбите на обвинетите за „Монструм“

Врховниот суд ги одби како неосновани жалбите на обвинетите за случајот „Монструм“.

Со тоа, Врховиот суд ја потврди пресудата на Апелација која лани ги одби како неосновани жалбите на обвинети и ги потврди казните на осудените – доживотниот затвор за Алил Демири и браќата Агим и Африм Исмаиловиќ. Девет години затвор за Хаки Азири и 15 за Фејзи Азири.

„Постапувајќи во случајот познат во јавноста како „Монструм“, по одржаната јавна седница на ден 27.06.2023 година и по одржаното советување и гласање на ден 15.09.2023 година, Врховниот суд донесе пресуда ВКЖ2-33/22 со која жалбите на обвинетите А.Д., А.И. и А.И. ги одби како неосновани и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ-109/21 од 31.03.2022 година, ја потврди во целост“, информираат од Врховниот суд.

Случајот „Монструм“ е за петкратното убиство што се случи на 12 април 2012 година кај Смилковското Езеро, кога беа убиени четири момчиња и рибар.

Макфакс

На почеток