Деновиве се чини главна тема во Србија е паризер, познатата евтина салама. Претседателот на државата Александар Вучиќ во јавното обраќање прво ја издвои оваа салама како една од намирниците што ќе поевтини во продавниците, а потоа снимајќи се на Инстаграм појадуваше паризер со пола леб и мајонез заедно со колегите.
Иако на видеото реално се гледа дека Вучиќ в рака држи сендвич од половина леб, паризер и мајонез, многумина се сомневаат дека тој воопшто го изел сендвичот.
Во секој случај, паризерот е топ тема во соседна Србија откако се донесоа мерки за намалување на цените на основните прехранбени производи.
Бидејќи видеото постои, некој се досетил дека тоа може да биде добар маркетиншки трик, па во својата пекара го нуди таканаречениот претседателски сендвич.
Како што можете да видите на фотографијата која кружи на социјалните мрежи, на полицата има сендвич во проѕирна фолија од која ѕирка паризер, но се гледа уште нешто – зелена салата. Коментарите на Твитер (сега Х) се во стилот: „Каков е овој луксуз, вадете ја таа зелена салата!“
Ina posla ko će da radi pic.twitter.com/itZcMCIJuP
— Neuticajni Tviteraš (@neinfluentan) September 15, 2023
makfax.com.mk